За проектот

„Ние сме визуелни! Едукација и визуелизација на човековите права“ е партнерски проект кој има за цел да ги унапреди човековите права во образованието преку употреба на документарни филмови и аудиовизуелна уметност.

Наменет за формални и неформални едукатори, како и ученици на возраст од 12 до 16 години, проектот настојува да ја збогати наставната програма преку креативната употреба на визуелни материјали во актуелизирањето на човековите права и општествено важните прашања. „Ние сме визуелни!“ настојува и да ја подигне свеста на младите луѓе како за нивните, така и за правата и одговорностите на другите и да поттикне одговорно делување и така, да придонесе кон поинклузивно општество.

„Ние сме визуелни!“ не претставува само ревизија на постојните алатки за унапредување на човековите права во образованието, туку и нов начин на размислување и делување кој ќе изискува и овозможи „културна промена“.

„Ние сме визуелни!“ нуди Аудиовизуелен образовен пакет за човекови права за наставници и други едукативни чинители. Пакетот се состои од прирачник за работа, ДВД со аудиовизуелни материјали и аудиовизуелна веб-платформа.

Проектот е поддржан од Извршната агенција за едукација, аудиовизуелни уметности и култура (ЕАЦЕА) на Европската унија.