Почетна

„Ние сме визуелни“: Меѓународна конференција во Амстердам

Зад нас се месеци и месеци договарања, преговарања, безброј мејлови и преводи, многу визуелни дизајни и уште повеќе прекрасни документарни филмови... а пред нас - Амстердам, ИДФА и нашата завршна конференција!

Ја замисливме како дводневен највизуелен настан во изобилството од фестивалски документарни наслови. Ја замисливме во прекрасниот културен центар „Де Бали“, покрај визуелно неодоливите канали на Амстердам. Со многу гости од Балканот, Медитеранот, Северот и Југот... Ја замисливме како ода на документарниот филм.

На 26 и 27 ноември ќе зборуваме за прифатените предизвици и стекнатите искуства и ќе го преставиме нашето визуелно првенче – прирачникот за аудио-визуелизација на човековите права!

Највизуелната агенда наскоро ќе биде објавена овде.

Оваа есен во мода ќе биде цијан бојата, а од следната, се надеваме, документарниот филм во наставата!