Почетна

Визуелни работилници

Периодов спремаме зимница на големо! Новиот прирачник за користење документарен филм во образованието е речиси готов! На 5 и 6 октомври „МакеДокс“ организираше три фокус-работилници каде што вкупно 18 наставници и неформални едукатори за човекови права и 25 млади луѓе на возраст од 12 до 16 години имаа можност први да ги „дегустираат“ сè уште топлите тегли!

И им се бендисаа! Проектот доби одлична оценка – добро осмислен, лесно применлив и корисен и за едукаторите и за младите.

Па, сè што ни преостанува е да го спакуваме највизуелно што можеме и да го претставиме на нашата меѓународна конференција во Амстердам! Се гледаме во ноември!